Италија: ЕУ мора да стори повеќе за да го запре протокот на мигранти

Фото: ЕПА

Европската Унија мора да стори повеќе за да ги заштити своите граници и да ги запре чамците со мигранти од Северна Африка, изјави денеска пред националниот Парламент италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Италија, која вети цврст став за имиграцијата, прими повеќе од 500 мигранти во неделата кога дозволи два хуманитарни брода да се закотват.

Подоцна во дебатата, Мелони рече дека политиката на ЕУ за релокација на мигрантите не функционира за Италија, која носи преголем товар.

„Не мислам дека решението е Италија да биде единственото пристаниште за истоварување на мигрантите во ЕУ, а потоа другите земји да преземаат 30 луѓе на 100.000, рече Мелони. – Не мислам дека Италија треба сама да го прави она што другите не се подготвени да го направат“, додаде таа.

Меѓутоа, и други земји од ЕУ се под притисок на други рути на мигранти.

Само во септември Франција примила околу 15.000 барања за азил, Германија речиси 21.000, Австрија околу 15.700, а Шпанија повеќе од 11.000 во споредба со 8.500 за Италија, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Еуростат.

Британскиот премиер Риши Сунак пак денеска изјави дека Велика Британија постигнала нов договор со Албанија за ограничување на бројот на илегални мигранти, како дел од мерките за забрзување на обработката на документите на барателите на азил.

Бројот на Албанци кои пристигнуваат во Велика Британија преку Ла Манш со мали чамци е зголемен во изминатите две години. Според податоци на британската Влада најголем број мигранти во Велика Британија влегуваат преку таа рута.

Велика Британија и Албанија постигнаа договор за ограничување на илегалната миграција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот