Велика Британија и Албанија постигнаа договор за ограничување на илегалната миграција

мигранти ламанш
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Велика Британија постигнала нов договор со Албанија за ограничување на бројот на илегални мигранти, како дел од мерките за забрзување на обработката на документите на барателите на азил.

Бројот на Албанци кои пристигнуваат во Велика Британија преку Ла Манш со мали чамци е зголемен во изминатите две години. Според податоци на британската Влада најголем број мигранти во Велика Британија влегуваат преку таа рута.

Сунак наведе дека на почетокот на следната година Владата ќе воведе закон, со кој ќе им забрани на мигрантите кои пристигнуваат преку Ла Манш да останат во Велика Британија.

„Ако нелегално влезете во Обединетото Кралство, не би требало да можете да останете овде“, истакна Сунак во Парламентот.

Според него, оние кои влегле илегално ќе бидат приведени и брзо вратени или во татковината или во безбедна земја, каде што ќе се обработуваат нивните барања за азил.

„Не е сурово или бездушно да се растурат криминалните банди кои тргуваат со човечка беда … доста е“, наведе Сунак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот