Украина знаме / Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Истражување: Кои извори за информирање ги користат македонските медиуми кога пренесуваат за состојбата во Украина?

Пикаса направи истражување околу тоа кои извори за информирање ги користат македонските медуми кога објавуваат за актуелната криза во Украина.

Истражувањето опфаќа 400 македонски дигитални медиуми во периодот од 1ви до 28ми февруари 2022 година, на тема „Конфликтот Русија-Украина“.

Во изминатиов месец вкупно 41.113 вести се објавени во врска со конфликтот, од кои доминантиот број беа објавени кон крајот на месецот, кога започна и вооружениот напад.

Медиа мониторинг на известувањето за конфликтот Русија-Украина/ Пикаса

Кои се најцитирани медиуми и агенции?

Во 40.7% македонските медиуми цитирале одреден извор за своите информации. Во 59.3% од вестите, или во 24.380 вести, не се споменува изворот на информацијата, велат податоците на Пикаса. Дел од овие вести се и од локалните настани поврзани со конфликтот, како, на пример, одлуката за забрана на руските авиони да прелетуваат низ нашата територија.

Најцитирани меѓународни медиуми и агенции се Ројтерс, Би-Би-Си и Си-Ен-Ен, додека најцитирани Руски извори се ТАСС, РИА и Спутник.

Според податоците на Пикаса, кај голем број од вестите не е прецизиран изворот од кој се добиени информациите, туку само се наведени како „Според украинските медиуми“, „Според руските медиуми“ или „Според светските медиуми“. Такви вкупно се илјадници вести, особено во последната недела од Февруари.

Речиси три пати повеќе вести се засновани на меѓународни извори (28.8%) споредено со руски извори (9%), додека на украински извори се засновани само 3% од вестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот