Истражување: Хрватите на врвот на листата со прекумерна телесна тежина во Европа

диета
Фото: Unsplash

Според податоците од последното големо истражување за здравјето на граѓаните на Европската унија, Хрватска е на врвот на листата земји кога станува збор за прекумерна тежина, пишува „Јутарњи лист“.

Убедливи „шампиони“ за прекумерна тежина се Хрватите, од кои дури 73% од нив се со прекумерна тежина, а бројот на мажи со прекумерна тежина е најнизок во Франција и изнесува 53%. Италија има најнизок процент на жени со прекумерна тежина во ЕУ само 37%, а жените во Хрватска со прекумерна телесна тежина е 58%.

„Дебелината е единствениот значаен препознатлив заеднички ризик за развој на денешните водечки незаразни болести од кои се заболуваат и умираат 90% од луѓето во Хрватска: срцеви заболувања, дијабетес тип 2, хронични опструктивни белодробни заболувања, ментални нарушувања и некои тумори“, објаснува Сања Мусиќ Милановиќ, специјалист епидемиолог и шеф на Службата за унапредување на здравјето.

диета

Според проценките на публикацијата „The Heavy Burden of Obesity“, прекумерната телесна тежина во Хрватска е фактор и за намален животен век од три и пол години. Според проекциите, до 2050 година, прекумерната тежина ќе биде одговорна за 75% од случаите на дијабетес (167.000), 10% од кардиоваскуларните заболувања (279.000), 7% од случаите на деменција (20.000) и 5% од случаите на рак (16.000).

Зголемувањето на проблемите со прекумерна тежина за време на карантинот е забележано во неколку европски земји. Студија на германскиот институт Роберт Кох покажа дека само во почетната фаза на пандемијата просечната телесна тежина се зголемила за еден килограм. За таквата промена инаку би требало цели десет години.

„Епидемиолошките мерки поради ковид влијаат на намалено движење, а мерките што ги ограничуваа спортските активности, на пример, затворање на теретаните, училиштата и слично, најмногу придонесоа за тоа. Ако се движите помалку, не се занимавате со спорт, а повеќе сте пред екраните, што е придружено и со поголем процент закуски и друга нездрава храна. Сите тие индиректни штети што ни ги донесе ковид ќе бидат платени и нè чекаат сериозни анализи, а потоа уште посериозни акции што ќе ги охрабрат нашите граѓани да почнат повеќе да се движат, да излегуваат од своите домови и да се вратат на активности на отворено“, вели шефот на клиниката за интерна медицина КБЦ во Риека, Давор Штимац.

диета

Во хрватската статистика за прекумерна тежина, аналзата според возраст изгледа вака: 27,3% од луѓето на возраст од 18 до 24 години, 45,1% на возраст од 25 до 34 години, 59,8% од оние на возраст од 35 до 44 години, и дури 66,6% се луѓе на возраст од 45 до 54 години. Луѓето на возраст од 45 до 64 години сигурно ќе се соочат со развој на некоја посериозна болест со прекумерна тежина.

Забележана е и фреквенција на прекумерна тежина и дебелина кај децата, од дури 35% на возраст од осум години според истражувањето на CroCOSI (Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата, Хрватска 2018/2019), што ја рангира Хрватска меѓу најпогодените Европските земји. Поприсутно е во јадранскиот регион и руралните области, предупредува Сања Мусиќ Милановиќ.

Хрватска нема акциски план за превенција и намалување на прекумерната тежина од 2012 година. Последиците веќе сигурно се чувствуваат…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот