Истражувањето на научниците открива: Антителото по закрепнување од коронавирусот не трае долго

Нивото на едно значајно антитело кое се создава во крвта по закрепнувањето од Ковид-19 забрзано опаѓа по два до три месеци, покажуваат резултатите од новото истражување спроведено во Кина.

Студијата, како што тврдат истражувачите од медицинскиот универзитет во Чунгкинг покажува дека воведување на таканаречени „имунитетни пасоши“ со цел овозможување на слободно движење може да биде ризично и исто така говори во прилог на долготрајна примена на превентивни здравствени мерки како што се физичка дистанца и изолација на високо ризични групи.

За време на истражувањето, со кое се опфатени 37 пациенти со симптоми на Ковид-19, како и исто толку асимптоматски пациенти, покажува дека кај повеќе од 90 отсто од оние во чија крв после закрепнување е пронајдено антителото ИгГ, присуството на тоа антитело значително опаѓа по два до три месеци.

Земајќи ги во предвид и асимптоматските пациенти и оние со симптоми, присуството на ИгГ антителото во просек после тој временски период од два до три месеца, опаднало за повеќе од 70 отсто.

Меѓутоа, еден кинески виролог кој не бил член на истражувачкиот тим тврди дека овие резултати не ја оспоруваат можноста другите делови на имунитетниот систем да пружаат заштита од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот