Истражна постапка за владин функционер и двајца хрватски државјани

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Некои медиуми во Македонија повикувајќи се на свои сознанија објавија вест дека станува збор за Генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Мухамед Зеќири. „Слободен печат“ се обиде да стапи во контакт со Зеќири, но засега тој не одговара на нашите повици.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на Македонија.

Како што соопштија од Jавно обвинителство, според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, за што му помогнале останатите двајца осомничени.

Ценејќи дека постои реална опасност осомничените да се дадат во бегство, дотолку повеќе што двајца се странски државјани, ако се има предвид кривичното дело што им се става на товар, како и опасност доколку осомничените се бранат од слобода да ги уништат трагите или да влијаат врз потенцијалните сведоци или да го повторат делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерка притвор за тројцата осомничени.

– Во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги, се појаснува во соопштението.

Некои медиуми во Македонија повикувајќи се на свои сознанија објавија вест дека станува збор за Генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Мухамед Зеќири. „Слободен печат“ се обиде да стапи во контакт со Зеќири, но засега тој не одговара на нашите повици.

Поведена постапка против три лица за обидот за убиство на јавен обвинител од Гостиварско

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот