Истражна постапка за сопственикот и вработените во фабрика за канабис кои изнеле четири килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против сопственикот и двајца вработени во фабрика за канабис кои изнеле четири килограми марихуана.

Албанскиот државјанин, основач на правно лице – фабрика за одгледување медицински канабис во битолското село Кравари, неовластено организирал и заради продажба од просториите на фабриката изнел две вреќи со наркотична дрога – марихуана. Вреќите ги оставил пред влезот во фабриката од каде ги подигнале другите двајца осомничени со автомобил. Откако биле забележани од полициски службеници, тие се обиделе дрогата да ја исфрлат од возилото, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените, од кои еден е лишен од слобода, а двајца се во бегство. На тројцата им е определен притвор во траење од 30 дена, при што за двете лица кои се во бегство притворот ќе започне да се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода.​​

Кривична пријава за сопственик и вработени во фабрика за канабис кои изнеле четири килограми марихуана

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот