Фото: илустрација / EPA/GEORGI LICOVSKI

Истрагата за квалитетот на увезениот мазут продолжува, но тешко се наоѓа експерт да каже колку бил штетен

Постапката во предметот за увезениот мазут, односно делот кој се однесува на составот на мазутот и неговото евентуално влијание врз животната средина не е запрена, туку е издвоена од другиот, затворен дел и по неа активно се постапува, соопшти Основното јавно обвинителство.

„По добиеното вештачење од Р.Србија, обвинителството побара номинација на експерти од областа на заштита на животната средина од повеќе високообразовни институции со цел да го протолкуваат вештачењето во насока дали составот на мазутот за кој се добиени вештачења има влијание врз животната средина. Дел од институциите веќе известија дека не располагаат со стручен кадар кој може да даде толкување на наодите од вештачењето, а постапката за обезбедување соодветна експертиза и натаму продолжува. Доколку не се најде експерт во државава, ќе биде побаран од странство“, велат од ОЈО.

Пропадна предметот со Капушевски и Јахоски за мазутот — „не се утврдени злоупотреби“, вели Обвинителството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот