Истрага против 25-годишник од Велес за убиство со умисла: Прегазил човек со автомобил по претходна расправија за водоводна цевка

Фото: МИА

Против 25-годишен жител на велешкото село Виничани е поведена истражна постапка, бидејќи е осомничен за убиство со умисла. Како што соопшти Основното јавно обвинителство Велес, на 19 јули по расправија за водоводна цевка меѓу таткото на осомничениот и жртвата, осомничениот го зел автомобилот и со голема брзина се упатил директно кон жртвата, удирајќи го со возилото.

При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на лице место – се вели во соопштението од ОЈО Велес.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот