Исповед на поранешен наркоман: Моето дете ми го спаси животот

остин грин

Поради лошо друштво, Остин Грин станал зависен од тешки дроги уште на 13-годишна возраст. Повеќе од десет години секојдневно земал хероин и метамфетамин. Сега, ја споделува својата приказна со цел да ги предупреди сите оние кои се близу до тој раб.

„Кога имав 11 години, првпат пробав алкохол и марихуана. Не знаев дека толку ќе се навлечам на тоа чувство. Две години подоцна, кога наполнив 13 години, бев зависник од хероин и метамфетамин“, раскажа 27-годишниот Остин за „Daily Star“.

Овој млад човек од САД реши да ја сподели својата приказна со целиот свет со цел да ги предупреди и разубеди сите оние кои се близу тој раб.

„Крадев сè и сешто. Не бирав. Штом ќе добиев пари, го решавав следниот „фикс“. Земав пари од семејството за храна, но ги трошев за дрога. Во еден момент, поради разни инфекции, бев толку заглавен во светот на дрогата што не можев да одам. Бев многу блиску до смртта. Но, сакав да се променам, сакам да бидам подобар татко“, вели Остин.

„Моето девојче денес има девет години, нејзината мајка не е во нашите животи и сфатив дека не може да живее без родители. Не сакав да ја гледам додека целосно не се исчистив од дрога. Успеав, таа е светлината на мојот живот денес“, вели овој млад човек.

Имено, тој во меѓувреме си нашол работа, се вработил како фотограф и е чист веќе една година.

„За жал, неодамна изгубив драг пријател. Се предозирал и починал. Сфатете го ова како предупредување. На добар пат сум, повеќе не сум депресивен, ми се подобрува и физичкото здравје. Знам дека има уште долг пат кој треба да се помине“, заклучи Остин, кој споделува снимки од неговата неверојатна трансформација на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот