Исполнета последна желба: Смртно болен гејмер доби пристап до „ГТА 6“, 10 месеци пред официјалниот датум на објавување
На терминално болен обожавател на видеоигри дозволен му е пристап за да ја игра „ГТА 6“, десет месеци пред официјалното објавување на играта.
Препорачано
На гејмерот, познат само како Кол, му е дијагностицирана терминална мозочна болест и му се дадени 6 до 12 месеци живот. Ова значи дека е малку веројатно дека ќе го доживее објавувањето на играта, кое е закажано за ноември оваа година. Се чини дека „Рокстар гејмс“, развивачот на играта, му ја исполнил неговата последна желба, пишува „Дејли мејл“.
Апел на социјалните медиуми
Ентони Армстронг, развивач во „Јубисофт Торонто“ и член на семејството на Кол, објави апел на Линкдин барајќи помош од неговите „врски“ во „РОкстар гејмс“ за да му дозволат на Кол да ја игра играта пред да почине.
– Причината поради која се обраќам е затоа што тој е голем обожавател на „ГТА“ и, со оглед на овој последен развој на настаните, можеби нема да биде доволно долго за да го види објавувањето на „ГТА6“ – пишува во објавата, која оттогаш е отстранета.
– Во најдобар случај, тој ќе нè напушти истиот месец кога ќе излезе играта. Се надевам дека еден од вас ќе може да организира ексклузивен тест за да може да ја доживее играта пред да почине – додал тој.
Армстронг забележал дека Кол живее во близина на студиото на „Рокстар“ во Оквил, Канада, и понуди да потпише договор за неоткривање информации за да ги заштити деталите за играта.
Желбата е исполнета
Неколку недели откако ја отстрани оригиналната порака, Армстронг објави нови информации што сугерираат дека желбата на Кол е исполнета.
– Разговаравме со нив денес и добивме одлични вести. Тоа е сè што можам да кажам засега, но ви благодарам на сите од дното на моето срце – напишал тој.
„ГТА 6“ се смета за една од најочекуваните видеоигри на сите времиња, а фановите го чекаат продолжението уште од нобјавувањето на „ГТА 5“ во 2013 година. Според финансиските извештаи на компанијата, развојот започна сериозно во 2020 година, а првото официјално објавување беше во 2023 година. „Рокстар гејмс“ го објави првиот трејлер во декември 2023 година, откако снимките од играта беа протечени на интернет. Датумот на објавување, првично планиран за 2025 година, беше поместен за 19 ноември 2026 година.
Сличен случај од 2018 година
Ова не е првпат „Рокстар гејмс“ да дозволи терминално болен обожавател да ја игра нивната игра пред нејзиното официјално објавување. Во 2018 година, на човек од Холандија, на кого му беше дијагностицирана неврофиброматоза терминалис тип 2, му беше дадена шанса да ја игра „Ред дед редемпшн 2“ неколку недели пред официјалното објавување.
Откако неговиот татко ги контактирал развивачите, двајца вработени во „Рокстар гејсм“ наводно дошле во неговиот дом со приватна демо верзија од играта. Младиот човек ја играл играта цел попладне, по што вработените си заминале, носејќи го демото со себе.
Експлозија одекна во зграда со канцеларии на „Рокстар гејмс“, компанијата зад култниот серијал ГТА


