Експлозија одекна во зграда со канцеларии на „Рокстар гејмс“, компанијата зад култниот серијал ГТА
Експлозија одекнала во зградата во која се наоѓа канцеларијата на компанијата за видеоигри „Рокстар норт“ во Единбург, Шкотска, објави „Би-би-си“.
Препорачано
Итните служби биле повикани во канцеларијата на компанијата.
Шкотската противпожарна и спасувачка служба излегла на терен на објектот на улицата „Холируд роуд“ околу 5:00 часот наутро во понеделникот.
Скандал во „Рокстар Гејмс“: Отпуштања поради тајни информации, играта „ГТА 6“ пак се одложува
Портпарол на службата изјавил дека пожарникарите биле повикани за да интервенираат поради структурни оштетувања на зградата, настанати по инцидент што се случил во неделата.
На местото биле испратени шест противпожарни возила, но екипите биле повлечени во 9:21 часот. Нема пријави за повредени луѓе.
Компанијата „Рокстар“ е една од најголемите развивачи на видеоигри во Обединетото Кралство и е најпозната по серијалот „Гранд тефт ауто“ (ГТА) и по „ Ред дед редемшн“.
Петтиот дел на ГТА е втората најпродавана видеоигра во историјата и е чест гостин на речиси сите листи на најдобри видеоигри на сите времиња, а долгоочекуваниот шести дел е најавен за крајот на 2026 година.
Развивач на игри од „Јубисофт Торонто“ неодамна изјави дека „Рокстар гејмс“ стапиле во контакт по јавно барање да му помогнат на терминално болен обожавател на ГТА да ја одигра ГТА 6 пред официјалното излегување. Развивачот на игри, Ентони Армстронг, сподели ажурирања кои укажуваат дека имало разговори, но не беа откриени детали, објави порталот „Видеокардз“.
Армстронг во декември 2025 година објави на социјалните мрежи дека на член од неговото семејство му биле дадени 6 до 12 месеци живот по долга борба со рак. Тој побарал контакт со „Рокстар гејмс“ и со „Рокстар Торонто“ во врска со организирање приватен плејтест.


