Ископувањата од две компании кај изворите во струшко Шум се главна причина за загадувањето на водата, Ќира бара кривична одговорност
Ископувањата извршени од две компании во текот на годините се очигледно и најверојатно главната причина за загадувањето на водата во Струга. Постојат длабоки ископувања и штети што ќе бидат тешко санирани, рече градоначалникот на општина Струга, Менди Ќира на денешната вонредна седница на Советот на општината, на која зборуваше за активностите кои биле преземени за решавање на овој проблем кој ги остави стружани без питка вода.
Препорачано
„Досега утврдивме дека штетата е дополнително зголемена бидејќи не е преземено ништо за заштита на овој природен ресурс. Поранешните општински власти, градоначалниците и надлежните институции, со своите дејствија или недејствија, го оштетиле екосистемот, а следствено и водата“ се вели во извештајот.
Се констатирало дека било дозволено ископувања повеќе од 10 години без критериуми, само за материјална корист. Имало сериозна институционална аномалија, при што една од компаниите добила дозвола за ископувања во оваа чувствителна зона.
Енормно загадување на водата во Струга, Обвинителството оформи предмет – Слободен печат
„Не е утврдена заштитна зона од 1 километар околу изворот, што е задолжително и се дели на три заштитни зони: зона од 300 метри од изворот, каде што не треба да се дозволи никакво ископување ниту движење во близина, зона од 600 метри и зона до 1 километар. Оваа зона требало да биде оградена и физички заштитена“, се додава во извештајот.
Ќира вели дека штетата е направена и сега е потребно итно да се преземат мерки за санација на истата, без да се занемари кривичната одговорност на виновниците, бидејќи како што вели, станува збор за витално прашање за здравјето и животот на граѓаните.
„ Оние што прашуваат кој е виновен, одговорот го имаат самите: тоа се оние што дале дозволи да се оштети овој екосистем. Барам оштетувачите да сносат кривична одговорност и вакви случаи никогаш повеќе да не се повторат во иднина“, вели Ќура.


