Иран реагира: Бугарија да не дозволува американски авиони на своја територија
Иранското Министерство за надворешни работи испрати нота до бугарската амбасада во Техеран, во која ја повикува Софија да се воздржи од какви било активности во поддршка на САД, вклучително и дозвола на американски авиони да бидат стационирани на аеродромот „Васил Левски“, објавија бугарските медиуми.
Препорачано
Според предупредувањето, Техеран го задржува правото да ги преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, објавува „Новините“.
„За жал, и покрај изјавите на бугарските власти дека распоредувањето на неколку авиони – танкери на меѓународниот аеродром „Васил Левски“ е дел од планирана воена вежба, како и присуството на дванаесетте американски воени авиони, тие се користат за поддршка и полнење гориво на бомбардерите во заедничката американско-ционистичка агресија против Република Иран“, се вели во иранското соопштение.
Американски воени авиони слетаа на аеродромот во Софија, најверојатно за пат кон Иран
Иран недвосмислено посочи дека ќе ги штити своите национални интереси.
„Зошто нелегитимниот Андреј Ѓуров ги крие овие информации? Што чекаме, да падне балистичка ракета? Ќе пристигне за девет минути“, рече Станислав Балабанов од партијата „Има таков народ“, која ја објави содржината на писмото.
Тој побара привремениот премиер Андреј Ѓуров да биде разрешен и заменет со нов.


