Ирански балистички ракети / Фото: Mehr News Agency

Иран ги нападна Емиратите со балистички ракети и со дронови – загинаа двајца војници и осуммина цивили

Двајца војници и осуммина цивили денеска беа убиени, а 169 луѓе беа ранети во ирански напад со балистички ракети и со дронови врз Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесе „Нешнал њуз“.

Во соопштение на Министерството за одбрана на ОАЕ се наведува дека за време на денешниот напад системите за противвоздушна одбрана на Емиратите собориле 15 балистички ракети и 11 дронови лансирани од Иран.

Од почетокот на војната, според соопштението, противвоздушната одбрана соборила 372 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и 1.826 дронови, лансирани од Иран.

ВИДЕО | Иранска ракета разнесе автомобил во град крај Тел Авив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот