Иран ги менува правилата на играта: Ормускиот Tеснец повеќе не е бесплатен?
Безбедносниот комитет на иранскиот парламент одобри нацрт-закон со кој ќе се воведе систем на патарини за премин низ Ормускиот Теснец и ќе се предложи ограничување на пристапот за бродови поврзани со земјите кои воведоа санкции врз Иран.
Препорачано
Предлогот ќе биде доставен до парламентот за дебата и гласање, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари за новинската агенција ФАРС, пренесува Анадолу.
Според нацрт-законот, на бродовите од САД, Израел и земјите што воведоа санкции кон Иран во последните години ќе им биде забрането да транзитираат низ стратешкиот воден пат. Бродовите од Европската Унија исто така ќе бидат засегнати, според Сари.
Таксата ќе се наплаќа во националната валута на Иран, ријалот, во потег насочен кон зајакнување на валутата и заобиколување на санкциите на САД, а воедно и давање целосна контрола на државата врз финансиските текови.
Овој потег сигнализира понатамошна ескалација со Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп побара Техеран целосно да го отвори Ормускиот Теснец, клучен пат за глобални испораки на енергија, и се закани со последици доколку не го стори тоа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
5мин
-
6мин
-
20мин
-
23мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


