Фото: EPA/ALEKSANDAR PLAVEVSKI

ИОК: Трансродовите луѓе нема да можат да се натпреваруваат во женските категории почнувајќи од ЛОИ 2028

Македонскиот олимписки комитет (МОК) ја информира спортската јавност за новата одлука на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), според која трансродовите луѓе нема да можат да се натпреваруваат во женските категории почнувајќи од Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Новата „Политика за заштита на женската категорија во олимпискиот спорт“, која беше потврдена по состанокот на Извршниот комитет на ИОК, стапува на сила од 2028 година и нема да има ретроактивно дејство.

​Според новите правила, за трајно натпреварување во женска категорија, спортистките ќе мора да приложат негативен резултат од тестирање за присуство на SRY генот.

Интернационалниот олимписки комитет предвидува исклучоци само за ретки медицински случаи, како што се комплетен синдром на андрогена несензитивност (CAS) или одредени пореметувања на развојот на половите органи (DSD), кај кои е научно докажано дека отсуствува предност од анаболички ефекти или тестостерон што го подобрува перформансот.

​Претседателката на ИОК, Кирсти Ковентри, истакна дека политиката е темелена на опсежни научни и медицински експертизи со цел заштита на праведноста на олимписките натпревари. Таа нагласи дека не би било фер, а во некои спортови ниту безбедно, биолошки мажи да се натпреваруваат во женска категорија.

Македонскиот олимписки комитет целосно ќе се усогласи со овие нови меѓународни стандарди и тесно ќе соработува со националните спортски федерации пред почетокот на новиот олимписки циклус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот