Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Инвеститор е осомничен дека градел станбена зграда на диво во Радовиш

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против фирма од Радовиш и 64-годишниот Ж.А. од Радовиш поради сомнение дека во 2024 година започнале изградба на станбена зграда, без одобрение за градба. Поднесена е и кривична пријава против 55-годишниот Љ.Е. од Радовиш, надзорен инженер, за злоупотреба на службената положба и овластување.

– Фирмата и второпријавениот како одговорно лице во текот на 2024 на катастарска парцела започнале градба на станбена зграда за домување, без соодветно одобрение – соопшти полицијата.

Третопријавениот во својство на надзорен инженер вршел надзор над објектот и покрај тоа што знаел дека не поседува издадено одобрение за градење, а притоа извршил незаконска наплата по претходно доставена фактура за извршен надзор со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во висина од 136.214 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот