ИНТЕРВЈУ Викторија Јовановска: Балкански вицешампион во карате – пресуди добрата физичка и тактичка подготвеност

На Балканското првенство во карате кое се одржа од 22 до 24 септември во Тирана, Албанија, македонската сениорска репрезентација освои три сребрени медали во индивидуален и два сребрени во екипен настап, како и три бронзени во индивидуален и еден бронзен во екипен настап.

Во женска конкуренција во категоријата -61 кг. Викторија Јовановска дојде до сребрениот медал. На првото место се најде Константина Хрисопулу од Грција, а во истата категорија со медал се закити уште една Македонка, Вероника Костовска, бронза, како и Невена Филипов од Србија.

Резултатите на Викторија Јовановска на Балканското првенство 2023:

Викторија Јовановска – Сена Чуровац (Босна и Херцеговина) 4:2
Викторија Јовановска – Невена Филипов (Србија) 1:1
Викторија Јовановска – Ања Миловановиќ (Србија) 3:1
Финале:
Викторија Јовановска – Константина Хрисопулу (Грција) 0:3

Како и кога започнавте да тренирате карате?

– Со каратето се запознав уште од најмлада возраст благодарение на моите родители којашто ме запишаа со цел да се стекнам со основните вештини за самоодбрана.

Што претставува каратето за вас, и колку им се препорачува на помладите?

– Каратето за мене не е само спорт, туку и начин на живот, јас сметам дека овој спорт би бил правилниот избор за секое дете. Каратето е спорт кој ги подобрува физичките способности како флексибилност, сила и брзина, а истотака ги учи младите за самоконтрола и самодисциплина, што може да биде корисно за развојот на карактерот.

На кој клуб сте моментално член, и какви се условите за тренинзи?

– Моментално сум дел од тимот на карате клуб „Макпетрол“, еден од најтрофејните клубови во нашата држава, тим кој на татамито покажува дека има спортски ресурси за големи резултати од светски ранг благодарение на нашите тренери Бошко и Петар Заборски и Иван Тиосављевич, кои ни даваат максимална поддршка, време и труд за да ги оствариме нашите цели.

Сребрен медал на Балканското првенство во категоријата кумите -61 кг. Како го оценувате вашиот настап, колку беше силна конкуренцијата?

– На ова Балканско првенство учество заземаа натпреварувачи од 11 држави. Конкуренцијата беше исклучително јака, но благодарение на добрата физичка и тактичка подготвеност успеав да го освојам сребрениот медал.

Кој успех исто така го одвојувате како посебен од настапите на големите натпреварувања, и кои се вашите цели за во иднина?

– Оваа година ми беше последна година во младинска конкуренција која ја заокружив со 5-то место на европското првенство и младинската премиер лига, а сега целам кон многу поголеми успеси во сениорска конкуренција.

Која е вашата најголема поддршка на патот во намерата да се направи добар резултат?

Моја најголема подршка претставуваат мојата фамилија и пријателите и секако колегите и тренерите од клубот со кои секојдневно макотрпно работиме на нашата физичка и психичка припрема за нови резултати и успеси.

Кои се следните натпреварувања на кои треба да учествувате?

– Следни натпреварувања на кои треба да учествуваме се WKF Karate1 Series A во Португалија, клубското Балканско првенство и потоа ќе започнеме со припреми за пласман на наредното Европско сениорско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот