Архива на СП

Интерпол заплени над 6,4 милиони лажни и забранети лекови во меѓународна операција – што се купува најмногу на црниот пазар?

Покрај физичките заплени, дигиталните единици успеаја да онеспособат приближно 5.700 веб-страници, страници на социјални мрежи и автоматизирани ботови користени за продажба.

Во масовна меѓународна операција координирана од Интерпол, која опфати 90 земји и територии, запленети се над 6,4 милиони дози на фалсификувани и неодобрени фармацевтски производи. Вредноста на запленетите лекови се проценува на 15,5 милиони американски долари, соопштија од меѓународната полициска организација.

Операцијата под името „Пангеа 18“, спроведена во периодот од 10 до 23 март 2026 година, резултираше со 269 апсења и со целосно разбивање на 66 криминални мрежи вклучени во илегална трговија. Спроведени се 392 истраги и извршени се 158 претреси ширум светот, насочени кон дистрибутери на опасни и супстандардни медицински препарати.

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, упати сериозно предупредување до јавноста:

– Лажните лекови не се само обична измама, тие ги ставаат животите во ризик. Преку онлајн пазарите, криминалците ги експлоатираат луѓето кои бараат поевтин или побрз третман. Последиците можат да бидат фатални.

„Слободен печат“ со детали за акцијата за нелегален ботокс и филери: Уапсени се повеќе од 10 луѓе, дел од нив доктори на Дерматологија и во ГОБ „8 Септември“

Лажни надежи за рак и опасни лекови за слабеење

Извештајот нотира алармантен тренд – нагло зголемување на запленетите антипаразитски лекови. Овие производи, особено ивермектин и фенбендазол (наменет за ветеринарна употреба), масовно се промовираат на интернет како „алтернативни лекови за рак“. Здравствените власти нагласуваат дека ваквите тврдења се целосно без научна основа и претставуваат смртна опасност за пациентите кои одбиваат конвенционално лекување.

Криминалните групи го искористуваат и светскиот тренд за користење на ГЛП-1 лековите (првенствено наменети за дијабетес) како средство за слабеење. Илегалните верзии честопати се произведуваат во нехигиенски услови во Азија и содржат сибутрамин – супстанца забранета во многу земји поради поврзаност со срцеви и со мозочни удари.

ФОТО | Откриена криминална шема на Табановце, сопственичка на салон за убавина шверцувала филери и препарати за слабеење

Дигитално чистење илјадници веб-страници

Покрај физичките заплени, дигиталните единици успеаја да онеспособат приближно 5.700 веб-страници, страници на социјални мрежи и автоматизирани ботови користени за продажба.

Операцијата откри различни приоритети на криминалците во различни делови од светот:

Во Бугарија е разбиена е нелегална лабораторија за производство на анаболни стероиди, каде се запленети милиони ампули и инјекции.

За разлика од Западот каде доминираат лекови за „лајфстајл“, во африканските земји (како Буркина Фасо, Брегот на Слоновата Коска и Камерун) запленети се огромни количини на есенцијални лекови – антибиотици, аналгетици и антималарици, кои честопати се со поминат рок или фалсификувани.

Во Бангладеш, на пристаништето во Читагонг, запленети се пет тони суровини за лекови лажно етикетирани како додатоци во исхраната.

На врвот на листата по количество на запленети дози се најдоа Обединетото Кралство, Колумбија и Австралија.

Интерпол нагласува дека по речиси 20 години од првата ваква операција, соработката меѓу полицијата, царината и здравствените регулатори останува клучна во заштитата на јавното здравје од „тивките убијци“ во форма на таблети.

Позитивната листа на лекови пак ќе се прошири во следните неколку месеци, најави премиерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот