Фото: Царинска управа

ФОТО | Откриена криминална шема на Табановце, сопственичка на салон за убавина шверцувала филери и препарати за слабеење

Секторот за контрола и истраги уапси тројца, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за шверц на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните.

Од Царинската управа информираат дека е извршен претрес во салон за убавина, каде се пронајдени шверцувани непроверени дермални филери и други медицински производи, кои, како што велат, се користат за убавина, но и за намалување маснотии.

Фото: Царинска управа

Сите производи сопственичката на салонот ги користела врз клиенти.

„Криминалната шема е разоткриена на граничен премин Табановце, каде е извршена детална контрола на комбе при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина. Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото каде што било договорено преземање на пратката од сопственичката на салонот. Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи кои се користат за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување на брчки и производи за подмладување“, соопштуваат од Царинска управа.

Фото: Царинска управа
Фото: Царинска управа 

Според Управата, за пронајдените производи немало соодветен документ дека тие се безбедни и исправни за увоз, а според сомненијата, производите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти.

„Против осомничените, поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“, соопштува Царинска управа.

„Слободен печат“ со детали за акцијата за нелегален ботокс и филери: Уапсени се повеќе од 10 луѓе, дел од нив доктори на Дерматологија и во ГОБ „8 Септември“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот