Интересен рецепт што ќе го збогати омилениот утрински пијалак: Кафе со рум и какао

Фото: Unsplash

Кафето со рум и какао претставува вистински деликатес, кој ќе ве натера во омилениот утрински пијалак да уживате уште повеќе.

Состојки:

– 2 лажици инстант кафе

– 2 лажици шеќер

– 1/4 ќесичка ванилин шеќер

– 1/2 лажица горчливо какао во прав

– 1/2 лажица рум

– 2 лажици ладна вода

– 3-4 дл врело млеко

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки освен млекото со миксер со стапче или со рачен миксер во висок, тесен сад. Мешајте најмалку 5 минути додека добро не се запени. Во шолјата ставете една или две лажички од пената и додајте врело млеко. Покријте го остатокот од пената и оставете го во фрижидер за подоцна. Може да стои вака неколку денови.

Послужете со колачиња во добро друштво!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот