Интер во „канџите“ на Јунајтед, „проблемот“ се вика Лукаку!

Ромелу Лукаку очајно сака да се врати во Интер/ фото: EPA-EFE/Sascha Steinbach

Интер не му плати на Манчестер јунајтед бонус вклучен во договорот за Ромелу Лукаку, поради што клубот од „Олд Трафорд“ го бара Лаутаро Мартинез или Милан Шкринијар, пренесуваат италијанските медиуми.

Лукаку дојде во Интер во летото 2019 година од Манчестер јунајтед за 74 милиони евра. Белгиецот оваа сезона постигна неверојатни 24 голови за миланскиот клуб, и така остана на само 10 погодоци од израмнување на учинокот од минатата сезона која му беше најдобра досега во кариерата.

„Ил Кориере“ пишува дека италијанскиот клуб им останал должен на Англичаните дури 50 милиони евра од трансферот, плус бонус од пет милиони евра, што е клаузула која ќе мора да ја плати доколку не ги плаќа редовно ратите за обесштетување.

Од таа причина „црвените ѓаволи“ бараат од челниците на Интер да им го испратат Мартинез или Шкринијар и со тоа да го подмират долгот кој го имаат кон нив.

Кинеската корпорација Сунинг, која е сопственик на фудбалскиот клуб Интер, неодамна објави дека бара партнери кои би купиле одреден број клупски акции и со тоа заедно да ја подобрат финансиската состојба на клубот која очигледно не е добра. Интер наскоро ќе одлучи за понудата на Јунајтед.

Интер ќе остане без легендарниот спонзор после 27 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот