Интер ќе остане без легендарниот спонзор после 27 години

epa09027992 Inter Milan?s Lautaro Martinez (C) celebrates after scoring his team's first goal during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and FC Inter at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 21 February 2021. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Позната компанија се откажува од соработка со „неро-аѕурите“ од следна натпреварувачка сезона 2021/2022. Извршниот директор на „Пирели“, Марко Тронкети потврди дека Интер од следната сезона ќе има нов спонзор на своите гради и дека тоа нема да биде неговата компанија.

Познатата компанија за производство на автомобилски гуми е главен спонзор на миланскиот клуб веќе 27 години, така што славните „сино-црни“ дресови не можат да се замислат без таа издолжена буква П.

– Преговараме со Антонело, Марота и другите директори на Интер. Повеќе нема да бидеме спонзор на дресот на Интер, иако нашата соработка ќе продолжи – рече Тронкети.

Кинеската компанија „Сунинг“ минатата недела потврди дека финансиски ќе го поддржува Интер сè додека не најде „соодветен партнер“, а Тронкети вели дека не се грижи за иднината на великанот од Милано.

– Мораме да се држиме до фактите. Тие неодамна „испумпаа“ голема сума пари и компанијата вети посветеност на клубот. Мислам дека тоа е нормален начин – додаде Тронкети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот