Интер нема намера да го продава Лукаку

Ромелу Лукаку/EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Директорот на Интер, Џузепе Бепе Марота порача дека клубот нема намера да го продава или да го стави на траснфер листата, својот најдобар играч Ромелу Лукаку.

Изминатите месеци, откако Интер ја освои титулата во Серија А медиуми постојано пишуваа дека за 28-годишниот напаѓач е можно да се врати во Премиер лигата бидејќи интерес за него пројавуваа Манчестер сити и Челси. Згора на тоа, медиумите шпекулираа дека со евентуалната продажба на Лукаку, Интер ќе реши дел од финансиските проблеми, но директорот Марота одлучи да стави крај на сите шпекулации.

– Што се однесува до нас, Лукаку не е на продажба. Тој е важен дел од тимот, од сложувалката која ја создаде Симоне Инзаги – изјави Марота.
Лукаку минатата во Серија А постигна 24 гола на 36 натпревари и е најзаслужен за освоената титула на „неразурите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот