Училиште, училниц
Празна училница /Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Инспекција открила наставничка со лажна диплома, нејзиниот сопруг ѝ се заканувал на директорката на училиштето

Директорка на основно училиште во Скопје со месеци трпела закани од сопругот на нејзина колешка, откако инспекцијата од Државниот просветен инспекторат открила дека сопругата на заканувачот имала фалсификувана диплома во училиштето.

Директорката на училиштето рекла дека дента за Нова година ѝ бил запален нејзиниот автомобил пред куќата.

„34-годишна жена од скопско пријави дека од декември 2025 година до денот на пријавување во својство на директор на основно училиште добивала закани од З.Р.. Според пријавителката, причина за заканите бил фактот што при инспекција на Државниот просветен инспекторат било утврдено дека сопругата на З.Р. вработена во истото училиште, имала приложено фалсификувана диплома. Таа пријавила и дека на 31.12.2025 пред нејзината куќа било запалено нејзиното патничко возило“, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Млад Французин на велосипед се судрил со „сузуки“ и завршил во болница во Охрид – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот