Ин Мемориам: Почина Андон Бошковски

Трагична вест го потресе македонскиот ракомет – синоќа на 47-годишна возраст почина познатиот тренер Андон Бошковски.

Бошковски е роден на 5 октомври 1974 година и целиот живот го помина на и околу ракометните терени. Тој како играч настапуваше за екипата на Работнички, и по завршување на играчката, ѝ се посвети на тренерската кариера. Бошковски работеше како тренер во Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш, а последниот ангажман го имаше на Косово.

Андон Бошковски од 2008 до 2013 година беше дел и од стручниот штаб на ракометната репрезентација на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот