Фото: Kindel Media / Pexels

Имате чести мигрени? Користете го овој пијалак за ублажување на болката и непријатноста

Мигрената е невролошка состојба која може да се појави ненадејно и да предизвика силна главоболка, често придружена со гадење, чувствителност на светлина и на звук и чувство на исцрпеност.

Овие напади можат значително да влијаат на секојдневното функционирање и да траат од неколку часа до неколку дена. Иако најчесто се ублажуваат со лекови, многу луѓе во пракса посегнуваат и кон дополнителни, природни начини за намалување на интензитетот на симптомите, особено во раните фази на нападот.

Еден вообичаен метод е да се консумира вода во која е растворена мала количина сол, обично половина лажичка во чаша вода. Овој пијалак може да помогне во одржувањето на рамнотежата на течностите и електролитите во телото, особено натриумот, кој игра важна улога во функционирањето на нервниот систем и циркулацијата.

Електролитниот дисбаланс кај некои луѓе може да биде поврзан со појава на симптоми како што се главоболки, гадење и вртоглавица, па затоа овој едноставен пијалок понекогаш се користи како начин за привремено ублажување на непријатноста.

Сепак, овие пристапи не се замена за конвенционален третман и треба да се користат со претпазливост. Исто така, важно е да се напомене дека овој пијалак треба да се користи умерено, не се препорачува особено за луѓе со висок крвен притисок или проблеми со срцето и бубрезите, бидејќи поголемиот внес на сол може да претставува дополнителен товар за телото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот