Имал милиони, а потоа напуштил сè и побегнал на пуст остров – Денес живее таму само со своето куче и има само една желба! (ВИДЕО)

принтскрин

Имал богатство вредно 29 милиони долари, идеален брак и сè што ќе посака. По работниот неуспех напуштил сè и веќе 20 години ужива на пуст остров само во друштво на своето куче.

Некогашниот милионер Дејвид Глашин имал компанија за ископување на злато во Нова Гвинеја. Работел за време на најголемите светски бизнисмени и компании, но потоа по неуспехот на берзата во 1987-та година, изгубил поголем дел од своето богатство.

„Сакам да умрам тука. Ова е мојот рај на Земјата. Кога дојдов на островот бев отруен од желбата за пари. Парите ги трујат луѓето. Поради нив ми се распадна бракот“ – објаснил Дејвид во документарецот за неговата сопруга.

Поранешниот милионер истакнува дека понекогаш му недостасува разговор со луѓето и би сакал некој да го посети. Ја сака природата која го опкружува, но додава дека доколку се најде во неволја на островот нема кој да му помогне и тогаш е осуден на смрт.

Тој само еднаш годишно го напушта островот за да си обезбеди намирници за него.

Австралиските власти сега сакаат да го иселат од островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот