Имаа се, пари, слава па останаа без ништо: НБА ѕвезди кои банкротираа

Скапи автомобили, накит, лагоден живот, лоши бизнис потези се дел од причините поради кои НБА играчите од мултимилионери дојдоа до питачки стап.

Кошаркарите во НБА лигата се едни од најплатените спортисти на светот, но не сите знаат да ги ценат заработените пари. Добро се познати приказните за голем број на НБА кошаркари кои во текот на кариерата заработиле дури и повеќе од 100 милиони долари само од договори со екипите, но успеале сето тоа да го потрошат и на крајот да прогласат банкрот.

АЛЕН АЈВЕРСОН

EPA/ANDREW GOMBERT

Поранешната ѕвезда на Филаделдија сиксерс и на Денвер нагетс е еден најпознатите и најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата. На Ален Ајверсон не му беа доволни ниту 154 милиони долари кои ги заработи играјќи во НБА за лагоден живот.

Неколкуте разводи го натераа Ајверсон по заврпшувањето нба кариерата да биде чест посетител на американските судници и да ги дели парите кои ги заработи. За време на бракоразводната парница со поранешната сопруга во 2012 година беше открина информација дека во последната сезона во НБА имал месечна плата од 62.000 долари, но лагодниот живот му донел долгови во висина од 130.000 долари месечно.

Работите кон лошо за Ајверсон тргнаа уште додека играше во НБА кога освен на кошаркарските терени доминираше и во казината, а исто така беше и зависен од купување на скапоцен накит. Ајверсон се доведе до ситуација да не може да ги купи хамбургер.
Но, денеска Ајверсон успеа да се извлече од банкрот и со нетрпение ја очекува 2030 година кога ќе добие 32 милиони долари од Рибок.

ВИН БЕЈКЕР

twitter/Vin Baker

Поранешното крило на Милвоки бакс за 14 години во НБА заработи 97.3 милиони долари. Бејкер до банкрот дојде бидејќи сите пари ги вложи во локална компанија која го измами.

За маката да биде поголема, тој мораше да плати дополнителен милион долари за судски трошоци и даноци, а алкохолот само му ги зголеми проблемите и мораше да прогласи банкрот.
Потоа почна да работи ако управник во продавницата на Милвоки бакс, а од неодамна стана кошаркарски аналитичар на телевизијата Фокс.

ДЕНИС РОДМАН

Денис Родман со сигурност е најконтроверзниот кошаркар кој некогаш играл во НБА лигата. Членот на шампионските генерации на Детроит пистонс и на Чикаго булс, редовно правеше скандали додека беше играч, како што беше појавувањето во женска облека, венчавката со самиот себе си, но вистинските проблеми започнаа по завршувањето на кариерата. Неговиот адвокат во 2014 година откри дека Родман должи повеќе од 800.000 долари на име алиментација за децата.

Колку беше очаен поради банкротот, Родман покажа со тоа што прифати да патува во Северна Кореја и да ја промовира кошарката во држава која е изолирана од целиот свет.

СКОТИ ПИПЕН

twitter/Scottie Pippen

Легендарното крило на Чикаго булс и играч без кој тешко дека Мајкл Џордан ќе освоеше шест шампионски титули, Скоти Пипен заработи 109 милиони долари само од НБА екипите. Но, поради неговите погрешни бизнис и финансиски одлуки мораше да прогласи банкрот.

Еден од најбизарните случаи за расфрлањето со парите е купувањето на прватен авион за четири милиони долари кој воопшто не беше во функцција.

Исто така Пипен загуби многу пари со погрешните инвестиции во недвижнини, тој инвестираше неколку десетици милиони долари неколку месеци пред да избие хипотекарната криза во САД во 2009 година.
Во последно време Пипен финансиски се опорави бидејќи работи како ТВ аналитичар.

ЕНТОАН ВОКЕР

twitter/Boston Celtics

Крилото на Бостон заработи 108 милиони долари играјќи во НБА, но пасијата да купува автомобили го одвлече кон банкрот. Исто така Вокер имаше проблеми со коцкањето, а додека беше еден од најдобрите играчи во НБА тој издржуваше дури 70 семејства на свои роднини и пријатели.

ЛАТРЕЛ СПРИВЕЛ

twitter/NBA.com/Stats

Спривел беше еден од најатрактивните кошаркари во НБА лигата во 1990-тите и почетокот на 2000-тите години. Тој заработи 97 милиони долари во НБА но ќе остане запомне по давењето на својот тренер Пи-Џеј Карлисимо.
Спривел исто така е познат и по неверојатното оправдување кога одби тригодишен договор вреден 21 милион долари, „Морам да го прехранам семејството“.

По завршувањето на кариерата започнаа финансиските проблеми за Спривел, тој на аукција беше приморан да ги продаде сите свои недвижнини и луксузната јахта. Денеска се обидува да заработи пари гостувајќи на кошаркарски кампови и настани во организација на Њујорк никс.

ЕДИ КАРИ

EPA/JUSTIN LANE

Кари кој беше 4. пик на драфтот во 2001 година заработи повеќе од 70 милиони долари во НБА. Но, финансирањето на семејството и купувањето на скапи автомобили го однесе кон банкрот. Кари дури земаше позајмици од погрешни луѓе кои му наплатуваа камата од дури 85%.

КЕНИ АНДЕРСОН

twitter/MoSportsTalk

Еден од најдобрите плејмејкери во 1990-тите години заработи повеќе од 63 милиони долари. Неговот „хоби“ беа купување на недвижнини, скапоцен накит и автомобили, а познат е и по својата реченица „Потребни ми се 100.000 долари месечно за нов накит“ и тоа неразумно трошење го уништи финансиски. Дури и неговата поранешна сопруга си купи автомобил со платени таблички на кои пишуваше „His cash“ (Негови пари).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот