Илон Мас
Илон Маск/ Фото EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Илон Маск нема да ги исклучи руските ТВ канали: Може само ако сме на нишан

Сопственикот на компанијата „Спејс Икс“ денеска изјави дека некои влади, меѓу кои не е украинската, му наложиле на неговиот сателитски широкопојасен сервис Старлинк да ги блокира руските информативни извори и медиумски куќи.

„Нема да го направиме тоа освен ако сме на нишан. Извинете што сме апсолутни поборници за слобода на говорот“, порача Маск преку Твитер.

Претходно неделава, Маск предупреди дека постојат големи шанси неговиот Старлинк да се „најде на удар“ во Украина, каде на 24. февруари Русија покрена воена инвазија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот