Илјадници германски компании ќе мора да престанат со работа – немаат наследници!

Многу средни германски компании се повеќе се загрозени од проблемот со преносот на сопственоста. Според една нова студија, тоа значи дека илјадници компании ќе мора да згаснат во наредните години. Средните германски компании во наредниот период ќе се соочат со проблемот со пренос на сопственичката структура.

Имено, во многу случаи едноставно нема кој да го преземе управувањето. Ова го покажуваат податоците од анализата што штотуку ги објави Федералната кредитна институција за обнова и развој (КФВ). До крајот на 2026 година, околу 560.000 од околу 3,8 милиони семејни бизниси во Германија ќе бараат наследник.

Според истите податоци, околу 190.000 од нив планираат да го напуштат пазарот бидејќи нема кој да ги преземе. Истовремено, само до крајот на оваа година би можеле да пропаднат околу 70.000 планирани трансфери на сопственост на компанијата, бидејќи нема наследник, односно нема кој да ја преземе компанијата. Нема наследник Анализата се базира на податоци од 10.796 компании кои учествувале во истражувањето.

„Се почесто ќе се соочуваме со несакани затворања на фирми. Во блиска иднина, ова може да влијае на секоја четврта средна компанија која бара наследник“, вели Фрици Келер-Гаиб, главен економист во државната развојна банка KФВ.

Најважна причина за тоа е немањето соодветни наследници – ова го наведуваат 79 отсто од анкетираните компании. Средните компании вработуваат повеќе од половина од работниците во Германија и се сметаат за темел на германската економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот