Илиевски и Костадиновска победници на Велешкиот пливачки маратон!

На маратонот ќе присуствува и Томи Стефановски, најдобриот маратонски пливач/фото: facebook.com/opshtinaveles

Во водите на езерото „Младост” во Велес денеска се одржа седмиот по ред „Велешки пливачки маратон”, со што беше заокружен Македонскиот куп во маратонско пливање.

Традиционалниот „Велешки пливачки маратон” го организираше Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28” од Велес, со финансиска и техничка поддршка од Општина Велес, Националната пливачка федерација, Кајак Клуб Бабуна и ОО на Црвен крст – Велес.

Велешки пливачки маратон 2020/фото: facebook.com/opshtinaveles

– Во отежнати услови поради пандемијата со Ковид-19, настојуваме со примена на соодветни мерки да ги поддржиме спортистите и најзначајните спортски манифестации. За Велес е од особено значење фактот што и оваа година сме домаќини на финалето на националниот куп што потврдува дека велешкото езеро „Младост“ прераснува во значајна туристичка, но и спортска и рекреативна атракција – истакна градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски во своето поздравно обраќање. Тој упати благодарност до организаторите, поддржувачите и им посака успех на учесниците на маратонот.

Оваа година поради актуелната состојба со пандемијата Ковид-19, Велешкиот пливачки маратон беше од национален карактер и со применување на протоколите за изведување на трките подготвени од Националната пливачка федерација.

Победниците во професионалниот дел на Велешкиот пливачки маратон, Јана Костадиновска и Александар Илиевски, фото: facebook.com/opshtinaveles

На настанот беа присутни претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев и светскиот шампион во маратонско пливање за 2016 година, Томи Стефановски.

Учество на маратонот земаа 25 пливачи-аматери и 65 професионални пливачи од кои 20 беа деца кои пливаа на промотивната трка во должина од 800 метри.

Резултати по категории:

Категорија за деца до 12 години, 800 метри
1. Никола Велковски
2. Матеј Кермичиев
3. Јован Наумовски

1. Милица Силјановска
2. Емилија Велкова
3. Теодора Стојановска

Категорија за рекреативци и аматери, 1600 метри
1. Никола Василевски
2. Мартин Треневски
3. Бојан Ников

1. Елеонора Ѓоргиевска
2. Вероника Зашева
3. Ивана Наумова

Победници во професионален дел на 2400 метри се Александар Илиевски кај мажите и Јана Костадиновска во женска конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот