Икарди и Наинголан не се во плановите на Интер!

Фото: inter.it

Желбите се Един Џеко, Николо Барела и Ромелу Лукаку, а извршниот директор на клубот, Бепе Марота откри дека се преговара со Босанецот и младиот Италијанец, поточно со нивните клубови.

– Тоа е една вид партија шах каде што продавачот и купувачот играат со своите стратегии. Можам да потврдам дека Џеко и Барела се наши цели, клубовите се обидуваат да се договорат, а еден играч е навистина заинтересиран и се уште сме во фаза на преговори – рече Марота.

Се говори и за потенцијални заминувања од „Џузепе Меаца“, први пред излезните врати се Мауро Икарди и Раџа Наинголан.

– Кога дефинирате еден проект, исто така морате да пронајдеме идеални профили за него. Не сакам да влегувам во детали, но ги разгледавме сите аспекти и донесовме болна одлука. Не сме глупави, сфаќаме дека тие се дел од нас, но мораме да имаме храброст за одредени убедувања и сигурно работиме во нивна најдобра полза, со секако респект спрема двајцата професионалци – додаде Марота.

Ситуацијата околу овие играчи ја коментираше и тренерот Антонио Конте.

– Со сета почит спрема Икарди и Наинголан, клубот имаше доволно време да ја процени ситуацијата и донесе одлука. Од моја страна го давам максимумот со цел да ја поддржам визијата на клубот. Тренерот и клубот мораат да работат како едно, така што сите сме сложни по ова прашање – беа зборовите на стратегот на „неро-аѕурите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот