Икарди има понуда од 60 милиони евра

Мадридскиот клуб сака да го донесе Икарди уште ова лето и знаејќи ја ситуацијата со неговиот клуб, подготвен е да понуди 60 милиони евра.

Прашање е дали напаѓачот ќе ја прифати понудата или пак ќе остане во Серија А, со оглед на тоа дека веќе има понуди од два италијански гиганти.

Се шпекулира дека играчот сака да игра за Неапол, но неговата сопруга Ванда Нара која воедно е и негов менаџер, го гледа нејзиниот сопруг во дресот на „Старата дама“.

Во Интер веќе објавија дека Икарди не е во планот на Конте и веројатно овој аргентински фудбалер наскоро ќе го напушти тимот од „Џузепе Меаца“.

Претходно објавивме дека Алваро Мората е официјално фудбалер на „јорганџиите“. Беше откупен од Челзи за 63 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот