Наполи влезе во трката по Икарди

Мауро Икарди и неговата иднина сè уште се топ тема во италијанските медиуми. Тој иако е во војна со раководството на Интер, а тренерот Антонио Конте не смета на неговите услуги, ќе замине со екипата на подготовките во Швајцарија за да не му падне цената на трансфер пазарот. Конте јавно изјави дека не го сака во екипата и на негово место во нападот го сака Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед.

Желбата на Икарди и неговата сопруга, Ванда Нара, која му е менаџер, е да се преселат во Јувентус но засега проблем претставува висината на обесштетувањето. Интер бара 70 милиони евра, но „старата дама“ нема намера да даде повеќе од 50 милиони евра и затоа е подготвена да чека до крајот на август и финишот на преодниот рок за Интер да мора да се ослободи од Икарди по помала цена.

Меѓутоа, во игра влезе Наполи кој не успеа да ангажира неколку засикувања во нападот. Иако самиот Икарди не сака да игра за Наполи, платата може да го поколеба и сериозно да размисли за трансфер. Претседателот на Наполи, Еурелио де Лаурентис по сугестија на тренерот Карло Анчелоти, му нуди дури 10 милиони евра по сезона.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот