Фото: Принтскрин, drinkprime.com

ИЈЗ: Консумацијата на „Прајм“ кај децата треба да биде ограничена и контролирана

Институтот за јавно здравје апелира дека консумацијата на безалкохолниот пијалак „Прајм“ кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите и да не се дозволи консумација од над 500 милилитри дневно.

Како и секогаш, нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови – велат од ИЈЗ.

Од Институтот појаснуваат дека содржината на витамините и минералите во овој пијалак одговара на препорачаниот дневен внес на витамини и минерали за возрасен човек. Но, овој производ е многу популарен и широко употребуван од страна на децата.

Ако децата, на возраст од 1 до 14 години, консумираат 500 ml дневно од овој производ, ќе се соочат со зголемен внес на витамини и минерали несоодветен за нивната возраст, само со овој пијалак. Секако дека во текот на денот ќе ги внесуваат истите витамини и преку други прехранбени продукти – се наведува во соопштението.

Овој производ не содржи кофеин, не содржи шеќери, значи не е енергетски пијалак, но затоа содржи засладувачи и од ИЈЗ предупредуваат дека децата ќе се соочат и со зголемен внес на вештачки засладувачи.

PRIME HYDRATION DRINK е безалкохолен пијалок со додадени витамини, минерали и аминокиселини, кој може да се најде на пазарот во Македонија.

Енергетскиот пијалок „Прајм“ е забранет и во Хрватска, во Македонија дозволено e да се продава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот