Играчите и екипите одлучија, продолжува НБА лигата!
Во средата НБА екипите одлучија да ги бојкотираат натпреварите од плеј-офот во знак на протест против полициската бруталност и расизмот во САД.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Првиот потег за бојкотирање синоќа го направија кошаркарите на Милвоки кои одлучија да не го играат мечот против Орландо во најавениот термин од 22.00 часот, а веднаш потоа информираа и од НБА лигата која одлучи да ги одложи и останатите дуели.
Today's three playoff games will be postponed, source tells ESPN. Discussion underway on when teams will resume play. https://t.co/A2PazNKDhy
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) August 27, 2020
Полициски комесар го нападна Леброн Џејмс: Подобро да молчиш…
Имаше и шпекулации дека можно е да се откаже сезоната, но после одржаниот состанок во Орландо одлучено е лигата да продолжи, според новинарот на „ЕСПН“, Адриан Војнаровски.
Војнаровски воедно истакна дека ни вечерва нема да се играат мечеви и дека екипите размислуваат кога ќе се вратат на теренот.
Новинарот од „Атлетик“, Шемс Чаранија пренесува дека НБА лигата најверојатно ќе продолжи од петок.


