Полициски комесар го нападна Леброн Џејмс: Подобро да молчиш…

твитер

Поранешниот полициски комесар во Њујорк, Берни Керик го нападна кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, поради жестоките критики на сметка на полицијата.

НБА лигата ги одложи трите натпревари од плеј-офот, откако играчите на Милвоки бакс одбија да излезат на терен за дуелот против Орландо меџик откако полицијата во Висконсин истрела дури седум куршуми во Афроамериканецот Џејкоб Блејк. Еден од најгласните против полициската бруталност во САД е токму Џејмс.

– Немам ништо убаво што да кажам за тие полицајци. Доколку кажете дека немало начин да го совладаа Блејк или да го задржат пред да пукаат во него, тогаш не ме лажете само мене туку и секој Афроамериканец и секоја црна личност – изјави Леброн Џејмс.

Одговорот на Џејмс дојде до поранешниот полициски комесар во Њујорк, Берни Керик, кој отворено ја поддржува политиката на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

– Не би требало да коментараш или критикуваш нешто кога немаш претстава што е работа, нити би имал храброст тоа да го направиш. Би го предизвикал Леброн Џејмс да стави лисици на некој кој одбива да ги послуша наредбите. Или можеби треба да помине еден ден во тренинг центарот за симулирање на пукање со огнено оружје – одговори Керик и дополнително го навлече бесот на Афроамериканците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот