ВИДЕО | Шокантно откритие: Сопружници дознале дека се братучеди додека чекале бебе

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ТикТок

Мајка од Јута го откри шокантниот момент кога дознала дека „случајно се омажила за својот братучед“ – откако веќе останала бремена со него, пишува „Дејли мејл“.

Претприемачката Марсела Хил (41) минатиот понеделник го сподели откритието за неа и нејзиниот сопруг Тејџ со своите 300.000 следбеници на ТикТок.

„Значи, никогаш никому јавно не сум кажала, но случајно се омажив за мојот братучед“, го започнува таа видеото, кое е прегледано речиси милион пати.

@beingmarcellahill Funny story… I accidentally married my cousin. We had no idea our Grandma and Grandpa were 1st cousins. Oops. #funnystory #marcellahill #wakeherup #marriage #marriedlife #awakening #momsoftiktok #grandmasoftiktok ♬ original sound – Marcella Hill

Марсела Хил понатаму објаснила дека била бремена кога дошла до вознемирувачкото откритие, откривајќи ја вистината додека го гледала своето семејно стебло за да пронајде предок по кој ќе го именува своето бебе.

„Си помислив: ‘Ох, види, името на дедото, името на бабата, името на прабабата, името на прапрaбабата’, се сеќавa Марсела и додала: „Мојот сопруг беше покрај мене во потрага по своето семејство и рече: ‘Ох, тоа е смешно, ги имаме истите имиња на бабите и дедовците’.“

Парот Марсела и Тејџ потоа ги споредиле своите семејни стебла и сфатиле дека дедо ѝ и баба му на нејзиниот сопруг се, всушност, први братучеди.

„Па тој ѝ се јави на баба му, а јас му се јавив на дедо ми и ги прашувме дали се познаваат… ‘Секако, секако’“, се присетила Марсела како одговориле роднините.

Потврдата значела дека Марсела и нејзиниот сопруг се трети братучеди, а откритието ги вознемирило.

Меѓутоа, со текот на времето, парот почнал да го прифаќа чудниот семеен факт и тие се уште се во брак. Хил дури тврди дека има корист од врската со нејзиниот сопруг.

„Ние ја освоивме наградата за активност во најблиско сродство во соседството“, се пошегувала таа. „И кога одам на собирот на моето семејство, тој исто така може да оди на неговото – во исто време.“


Марсела Хил споделила уште едно видео во кое вели дека таа и нејзиниот сопруг се венчале на мала церемонија во локалниот суд, така што никогаш претходно немале шанса да воспостават семејна врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот