Иги Азалиа и Афроџек ќе настапат на ЕГЗИТ!

Фото Промо

Едно од најсилните програмски изданија во историјата на ЕГЗИТ фестивалот штотуку е дополнително засилено! Својот настап на Главната бина на Фестивалот го потврди повеќекратно наградуваната австралиска раперка Иги Азалиа, една од најголемите хип-хоп ѕвезди на денешницата, со повеќе од 10 милијарди стримови и дури 70 милиони продадени албуми! Во јули на Петроварадинската тврдина пристигнуваат уште две имиња од годишната Топ 10 листа на славниот диџеј Маг – ценетиот диџеј и продуцент Афроџек и најголемиот бразилски суперстар Алок, како и германскиот хитмејкер Ејтиби (ATB)!

Сите тие се придружуваат на претходно објавените големи имиња, меѓу кои се и некои од најголемите светски ѕвезди, како Калвин Харис, Ник Кејв енд д Бед Сидс, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Џоел Кори, Џек Џонс, Борис Брејча, Хани Дижон, Масео Плекс, Реинер Зоневелд, Монолинк, Денис Султа, Сепултура, Напалм Дет, Марки Рамон и многу други.

Новото издание на ЕГЗИТ фестивал, под слоганот „Заедно. Засекогаш!“ ќе биде одржано од 7 до 10 јули, а наскоро ќе бидат објавени и нови големи имиња од програмата за славната Денс Арена! Поради огромниот интерес, актуелните цени на стандардните фестивалски влезници ќе важи најдоцна до петок, 8 април, до крај на денот.

Калвин Харис и Кирил Џајковски на ЕГЗИТ! Спектакл со 60 нови изведувачи на фестивалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот