ИEA: Продажбата на електрични автомобили годинава ќе достигне една петтина од светскиот пазар

Фото Архива

Продажбата на електрични автомобили ќе продолжи и оваа година со нивниот „експлозивен раст“ и ќе достигне околу една петтина од глобалниот пазар. Ова денеска го соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), цитирана од Франс прес.

Главниот тренд кон електрификација на возниот парк ќе има големи последици за енергетскиот сектор, намалувајќи ја побарувачката на нафта за 5 милиони барели дневно до 2030 година, се вели во извештајот на ИЕА на оваа тема.

Се очекува вкупната побарувачка на нафта во 2023 година да биде 101,9 милиони барели дневно, прецизира БТА. Според извештајот, повеќе од 10 милиони електрични возила се продадени во 2022 година ширум светот, а продажбата ќе порасне за 35 проценти оваа година и ќе достигне 14 милиони возила, се вели во извештајот.

„Овој експлозивен раст значи дека пазарниот удел на електрични возила порасна од 4 отсто во 2020 година на 14 отсто во 2022 година и дополнително ќе се зголеми за 18 отсто оваа година“, се вели во најновите прогнози на Париската меѓународна агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот