Идните студенти по право нема да учат англиски јазик, Дескоски непријатно изненаден

УКИМ/ Фото: Архива на Слободен печат

Студентите на Правен факултет најверојатно нема да учат англиски јазик. Информацијата ја објави универзитетскиот професор Тони Дескоски откако тоа им било соопштено на наставно-научниот совет.

Денес доживеав непријатно изненадување. Деканот на Правниот факултет ни соопшти на Нластавно-научниот совет дека во новата Студиска програма на Правните студии најверојатно ќе отпадне предметот Англиски јазик (не не збирало со предметите). Проверив, на Правните факултети во Белград, Загреб и Љубљана (трите во првите 500 на Шангајска листа), задолжително има странски јазик (правна терминологија) – напиша на Фејсбук Дескоски.

Тој пишува дека се надева оти оваа грешка ќе биде исправена.

-Искрено се надевам дека нашиот Факултет нема да продолжи со оваа глупост и дека Англиски јазик (и англиска правна терминологија) ќе си остане во студиската програма – вели Дескоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот