Иднината е сега: За само 60 часа, во Кина се „испечати“ една од најголемите згради направени со помош на 3Д принтер (ВИДЕО)

Фотографија: YouTube

Во кинескиот град Хејуан, на југот на кинеската провинција Гуангдонг, азиска градежна компанија успеа да „испечати“ двокатна деловна зграда со помош на футуристичката технологија.

Зградата е висока 7,2 метри, има површина од 230 квадратни метри, а работата на конструкцијата траела само 60 часа!

Кога се користи 3Д принтер, времето на изградба на големи и мали објекти во просек се намалува од два месеци на само неколку дена, а трошоците се намалуваат дури за 40%! Принтерот на шини одлично и прецизно ја завршил својата работа, така што не се исклучува можноста човечката сила постепено да се замени со беспрекорната моќ на 3Д принтерите!

Погледнете како изгледа овој футуристички процес на градење:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот