Идната сезона ќе има и браќа тренери, Пипо Инзаги надмоќно го внесе Беневенто во Серија А

EPA-EFE/Mario Taddeo

Екипата на Беневенто на седум кола до крајот на Серија Б го осигура настапот во најсилната италијанска лига во наредната сезона.

„Црвено-жолтите“ во неверојатната сезона од клупата ги предводи легендарниот напаѓач Филипо Пипо Инзаги, а на седум кола до крајот на Серија Б, Беневенто има 76 дури 24 од Кротоне и Читадела кои се на делба на второто место. Последен тим кој во Серија Б успеал на седум кола до крајот да го обезбеди првото место е Асколи во 1978 година.

– Ова е нешто неверојатно, фантастично, а кога ќе погледне колку долго не е направен ваков подвиг тогаш без патетика и со гордост можам да кажам дека направивме историски резултат – вели Пипо Инзаги.

Поради пандемијата на коронавирусот, фудбалерите не можат да го прослават историскиот успех, но затоа управата на клубот уште сега почна да работи за созадавање на респектабилен тим за наредната сезона и прво засилување е поранешниот напаѓач на Челси и на Олимпик Марсеј, Лоик Реми.


Серија А наредната сезона ќе биде единствена фудбалска лига каде ќе има двајца браќа тренери, покрај Пипо Инзаги, тука е веќе и Симоне Инзаги кој сезонава со неговиот Лацио се бори за титулата.
– Јас многу барам од моите играчи, секој ден буквално им висев зад вратот, а тие одговорија на најдобар начин. Што се однесува со Симоне, можам да кажам дека од него само можам да учам – рече Пипо Инзаги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот