Идентификувани осомничените за убиството на косовскиот боксер во Германија

Боксерот Бесар Нимани убиен на улица во Германија/Фото: Скриншот

Германската полиција успеа да идентификува три лица како осомничени за убиството на Бесар Нимани, косовскиот боксер кој беше убиен во саботата на 9 март во Германија.

Тројцата осомничени се Србин и двајца Курди. Ова го потврди братот на боксерот Бесар Нимани за албанскиот весник Инсајдери, додавајќи дека утре нивниот идентитет ќе биде објавен во јавноста.

„Ме известија дека нивниот идентитет ќе биде јавно објавен утре, додадени се и на списокот на ИНТЕРПОЛ. По име и презиме се знае кои се тие. Осомничени се Србин и двајца Курди“, изјави тој.

Според информациите кои полицијата ги прикажа, се сомнева дека осомничените ја напуштиле Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот