Екс шампионот во бокс Бесар Нимани убиен на улица во Германија

Боксерот Бесар Нимани убиен на улица во Германија/Фото: Скриншот

Косовскиот трофеен боксер Бесар Нимани е застрелан во германскиот град Билефелд, пренесува Билд.

Убиството се случи на 9 март. Според изворот, спортистот бил убиен на излегување од фризерскиот салон. Очевидци пријавиле шест до осум истрели.

Се претпоставува дека убиството го извршила група од 5-6 лица. Брзата помош која пристигнала на местото на настанот немала време да го спаси 38-годишниот спортист, тој починал на лице место.

Нимани ја освои светската титула во велтер категорија на Меѓународната боксерска федерација (IBF). Во професионалниот ринг има 25 победи и еден пораз.

Во 2013 година, Нимани беше застрелан за време на улична тепачка. Имено, заедно со неговиот брат Берат и еден пријател – влегле во кавга во турски ресторан во близина на станицата Билефелд.

Притоа Берат удрил некого по глава со шише, но бил изваден пиштол и испукани куршуми при што се повредени пет лица, меѓу кои и Нимани.

Во таа прилика на сторителот му е изречена затворска казна од 18 месеци за непочитување на законите за оружје.

Нимани беше боксер од Косово кој се преселил во Германија како бегалец за време на косовскиот конфликт во 1997.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот