Чај / Фото: Pexels / Mareefe

Идеален чај за вашата крвна група: Дознајте кој најмногу ви одговара и вашето тело ќе се разбуди

Секојдневното пиење чај што одговара на вашата крвна група може да има корисен ефект врз телото.

Ако сакате да се чувствувате добро, да бидете повитални и да имате повисоко ниво на енергија, важно е да изберете исхрана и пијалаци за вашата крвна група.

Треба да знаете и дека на секоја крвна група ѝ одговара одреден вид чај.

Крвна група А

Зборуваме за емотивни и аналитички луѓе кои реагираат силно на стрес.

Луѓето со крвна група А треба да пијат зелен чај, чај од јасмин, комбинација од зелен чај и јасмин, чај од ким, чај од мајчина душица.

Крвна група Б

Луѓето со оваа крвна група обично имаат бавен метаболизам и се склони кон зголемување на телесната тежина, несоница и хроничен замор.

Луѓето со крвна група Б треба да пијат: црвен чај, зелен чај, чај од лимон, чај од жалфија.

Крвна група АБ

Луѓето со оваа крвна група се многу интуитивни и добро се справуваат со стресот.

Тие треба да избегнуваат кафе и да го заменат со зелен чај, чај од нане и чај од боровинки.

Крвна група нулта

Луѓето со оваа крвна група треба да избегнуваат млеко и глутен, како и кафе.

Луѓето со крвна група нулта треба да пијат чај од ѓумбир, чај од женшен, чај од анасон и зелен чај, пишува „4јортајп“ (4yourtype).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот