Ибиши по трансферот: Хрватската лига е на повисоко ниво од македонската!
Како што официјално информираат од Локомотива Загреб, нивни нов играч е Џемал Ибиши.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
19-годишниот централен напаѓач кој досега ги бранеше боите на Вардар, од следната сезона ќе игра во хрватскиот вицешампион.
– Очекувам да бидеме прави и на свое ниво, да му помогнам на клубот и на крајот да бидеме шампиони. Одлично е тоа што влеговме во квалификациите за Лигата на шампионите и ќе дадеме сè од себе во европските предизвици. Погледнав скоро половина од натпреварите на Локомотива во минатата сезона и многу ми се допаѓа стилот на играта и верувам дека добро ќе се вклопам.
Хрватската лига е подобра, поквалитетна и на повисоко ниво од македонската, поблиску до европскиот фудбал. Отскочна даска за кариера во Европа, што е исто така мој мотив за доаѓањето во Локомотива – се зборовите на Ибиши за клупскиот сајт.
Моментно ги брани боите на македонската У19 репрезентација, а веќе е во фокусот и на младата У21 селекција предводена од селекторот Благоја Милевски. Лани беше избран за најдобар играч – младинец за сезоната 2018/2019.



