Официјално: Трајковски ќе тресе мрежи за Локомотива Загреб
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски е ново засилување на Локомотива Загреб, официјално потврдија денеска од хрватскиот прволигаш. Договорот на Трајковски со Локомотива Загреб е со важност до крајот на тековната сезона. Еден од најдобрите македонски репрезентативци немаше клуб од крајот на минатата сезона откако се раздели со Хајдук од Сплит. Преземено од: Sport.com.mk

